Детето било прегазено во Шутка, тепачката продолжила во Градска

17

Од Министерството за внатрешни работи денеска известуваат за вчерашниот инцидент кај старата градска болница во Центар.

Инцидент помеѓу две семејства кај Градска, повредено дете

Вчера во 21.00 часот Б.К.(27) од Скопје пријавил дека околу 19.00 часот на ул.„11 Октомври“, пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, бил физички нападнат од Џ.Б.(24) од Скопје, велат од полицијата.

Според пријавеното, на нападот му претходела расправија поради претходно случена сообраќајна незгода во Шуто Оризари, во која бил повреден малолетник.