Детскиот фестивал „Поточиња“ се одложува поради коронавирусот

11

Поради настанатата ситуација со коронавирусот и согласно мерките од надлежните институции, детскиот фестивал „Поточиња 2020“, закажан за 21 и 22 март во Македонска опера и балет се одложува.

„Со оглед на природата на настанатата ситуација, информираме дека новиот термин за одржување на фестивалот ќе биде дополнително утврден и објавен, согласно состојбата во државата, во период кој ќе биде апсолутно безбеден за децата и граѓаните“, се вели во соопштението.

Сите кои набавиле билети ќе можат да извршат повраток на средствата на истото продажно место на кое ги купиле билетите.