Дејвис и Џејмс ќе бидат дел од Божиќното дерби во Лос Анџелес

7

За Божиќ традиционално има многу возбудувања во НБА лигата, а овој пат главен фокус ќе биде дербито во Лос Анџелес.

Се очекува градските ривали да одиграат меч полн со возбудувања, но по последните информации, двајцата ќе бидат спремни за мечот со Клиперс.

Од една страна ќе бидат Дејвис и Џејмс, од другата страна Кавај Ленард и Пол Џорџ, па така тој дуел ќе биде во центарот на вниманието.

Натпреварот помеѓу овие два ривали се игра четврток наутро во 2 часот.

Божиќниот маратон започнува вечер од 18 часот со дуелот Торонто и Бостон, а од 20:30 часот се сретнуваат Филаделфија и Милвоки.

Во раните утрински часови Денвер и Њу Орлеанс во 4:30 часот ќе си ги одмерат силите, но претходно во 23 часот ќе биде одигран натпреварот помеѓу Голден Стејт Вориорс и Хјустон Рокетс. Ако поранешните шампиони беа комплетни, овој дуел ќе беше вистински празник за очи, а вака Харден, Вестбрук и екипата ќе бидат големи фаворити.