„Дејли телеграф“: Британија планира да го прогласи иранскиот Корпус на чувари на исламската револуција за терористичка организација

15

 

Иранскиот Корпус на чувари на исламската револуција (ИРГЦ) ќе биде прогласен за терористичка организација од страна на Британија по 10 заговори за киднапирање или убивање луѓе на британско тло минатата година, пишува Дејли Телеграф.

Се очекува овој потег да биде објавен во наредните недели. Одлуката ја поддржаа британската министерка за внатрешни работи Суела Браверман и државниот министер за безбедност Том Тугендхат.

Означувањето на ИРГЦ како терористичка организација значи дека ќе биде кривично дело да се припаѓа на групата, да се присуствува на нејзините состаноци, да се носи нејзиниот амблем во јавност или да се поттикнува поддршка за нејзините активности.

На овој начин ИРГЦ ќе се изедначи од правен аспект со организациите Ал Каеда и Исламска држава, нагласува весникот.