„Дигитален речник“ на македонски јазик под хакерски напад

175

Два дена „Дигиталниот речник на македонскиот јазик“ е недостапен за корисниците на оваа алатка.

Еден од најстарите информатичари во Македонија, Шинаси Деребеј, инаку креатор на оваа платформа, на Фејсбук информира дека серверот е предмет на кибер-напад.

Откако беше воведен, „Дигиталниот речник“ добива пофални зборови од корисниците заради големиот придонес во зачувување на литературниот јазик и правопис.