ДИК: До 19:00 часот гласале 45,77% од гласачите

33

До 19:00 часот излезноста на предвремените парламентарни избори, во сите шест изборни единици е 45,77% отсто од обработени 3.463 избирачки места на кои гласале 830.370 граѓани, соопшти Државната изборна комисија на вечерашната прес-конференција.

Според изборни единици:

ИЕ 1 – 47,4%
ИЕ 2 – 43,4%
ИЕ 3 – 51,5%
ИЕ 4 – 53,2%
ИЕ 5 – 44,8%
ИЕ 6 – 35,4%