ДИК: Излезеноста до 9 часот е 5,19% од обработени податоци од 2.326 избирачки места

22

Државната изборна комисија ја одржа првата прес конференција во 9:30 часот. Соопштија за излезноста до 9 часот, но од одработени податоци од 2.326 места ов вкупно 3.480.

„Според податоците кои ДИК ги собра до 9 часот од 2.326 избирачки места, на гласање излегле 94.167 места, или во проценти 5,19%“, изјавија од ДИК од каде што напоменаа дека според информациите со кои располагаат, сите гласачки места се отворени навреме во 7 часот, и во моментов гласањете трае непрекинато.

ДИК ги соопшти и официјалните информации околу излезноста за вчерашното и завчерашното гласање.

„Вкупно 723 граѓани го остварија своето право како позитивни на Ковид-19. На гласачките места во 13 Казнено поправни, 1657, вкупно гласале 1272 гласачи, во проценти 76,76. Во единствениот центар за внатрешно раселени, шест лица, и никој не излегол на гласање.

Од вкупно 8852 гласачи кои се пријавиле како болни и немоќни лица, гласале вкупно 8325 гласачи, во проценти 94,04. Во 17 установи во вонсемејна грижа, каде има запишано 350 гласачи, гласале 324“, соопшти портпаролот Адмир Шабани.