ДИК: СДСМ 36.78, ВМРО-ДПМНЕ 35.75, ДУИ 10.31, АА и А 8.13

149

Од преброени гласови од 2.277 од вкупно 3.480 гласачки места, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ води со освоени 36,78 отсто од гласовите пред Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 35,75.

Податоците објавени од Државната изборна комисија во нивното седиште, имајќи предвид дека веб страницата повеќе од еден час не им функционира, покажуваат дека за ДУИ гласале 10, 31 отсто, за Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,13, за Левица 4,16, за Интегра 1,38, за ДПА 1,33 , а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто.