ДИК: Центар Жупа и Маврово и Ростуше ќе ја повторат изборната постапка

8

Во две општини ќе се повторно изборната постапка поради неисполнување на законскиот услов што пропишува една третина од запишаните гласачи да излезат на гласање.

Како што информираше вечерва на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, општините Центар Жупа и Маврово и Ростуше ќе го повторат гласањето за првиот изборен круг.

„Во двете општини Центар Жупа и Маврово и Ростуше заради неисполнување на законскиот услов од една третина од запишаните гласачи да излегле на гласање ќе се повтори целата изборна постапка член 132 став 2 од Изборниот законик“, рече Даштевски.