Димитријевиќ: Леброн беше мојот најголем идол во НБА, Теодосиќ во Европа

9

Македонскиот репрезентативец и кошаркар на Уникс Казањ, Ненад Димитриевиќ, ги именуваше своите омилени играчи во НБА и Евролигата.

– Првите беа Ѓорѓевиќ и Стојаковиќ. Но, тогаш бев дете. Ален Ајверсон беше мојата прва омилена НБА ѕвезда. Потоа Леброн влезе во лигата. Татко ми ги донесе неговите патики од САД. Го следев сите овие години. Кога играше во финалето за Мајами и Кливленд, јас едноставно полудев. Сега се е поинаку. Пораснав, не ја следам толку НБА, повеќе ја сакам Евролигата. Но, во НБА, мојот најголем идол беше Леброн. А во Европа – веројатно Милош Теодосиќ, изјави Димитријевиќ за руските медиуми.

Македонецот во Уникс е на позајмица. Тој е играч на Валенсија од каде стигнуваат информации дека поради проблеми со организација на играта, ќе го врати Димитријевиќ во своите редови