Димитров: Веруваме дека новата методлогија ќе резултира со двојна победа – отворање на преговорите и усовршен процес

10

Министерот за надворешни работи Никола Димитров го поздрави објавувањето на новата методологија за пристапни преговори за членство во ЕУ и очекува да резултира со, како што наведува, двојна победа – старт на преговарите со Северна Македонија и усовршен процес.

Ги поздравуваме напорите на Европската комисија за подобрување на пристапниот процес. Новата методологија придонесува за зајакната политичка димензија, но исто така и за повеќе динамизам, предвидливост и кредибилитет на процесот. Веруваме дека овој обновен пристап ќе резултира со двојна победа во наредните недели: отворање на преговорите заедно во усовршен процес, вели Димитров во пишаната изјава.

Земјите во регионот, посочува шефот на дипломатијата, нема од што да се плашат од воведувањето на реверзибилноста.

Најпосле, пристапниот процес постои да ги трансформира реалностите на теренот кон подобро. Повеќе бенефиции за реформаторите и повеќе санкции за тие кои одат назад врз основа на кредибилна објективна оценка за напредокот е чекор напред. Крајно време е за лансирање на здрава реформска конкуренција во нашиот регион, истакнува министерот Никола Димитров.