Димитров на провокацијата од водителот: Блиски ни се јазиците, но јас говорам македонски јазик, а вие бугарски (ВИДЕО)

9

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, гостувајќи во емисија на бугарската BTV, им порача на бугарските политичари дека нема доверба меѓу народите, ако едниот постојано врши притисок и му се заканува на другиот.

Почитта кон другиот е основа за искрено и трајно пријателство.

Publiée par Никола Димитров – Nikola Dimitrov sur Mercredi 27 février 2019

По констатацијата дека ни се блиски јазиците водителот упати провокативно прашање кон Димитров на каков јазик зборуваат денес во студиото, Димитров му одговори: Вие говорите на бугарски јазик, а јас говорам на македонски јазик.