Димитров: Нон-пејперот ми личи на балканска ујдурма

10

Нон-пејперот го добив од новинар каде што ми беше поставено и прашањето дали е ова вистина. Првиот впечаток ми беше дека тој документ е многу далеку од ралоноста и свртев неколку телефони да не остане само на моeто чувство , јасно е дека се прави некоја игра вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервјуто за Утрински брифинг.

На прашањето зошто токму сега се пуштаат вакви „пробни балони“, Димитров вели дека тоа се шпекулации.

-Бугарија е пред избори, кај нас се локални, можеби е домашана ујдурма малку да се подзоврие таа тема, можеби за политички поен …Меѓутоа тоа се шпекулаци начинот и формулациите ми личат на балканска ујдурма.

И бугарската влада се огради од таквиот документ.