Димитров: Сите граници ќе ни се отворат доколку се придржуваме кон мерките за заштита од Ковид-19

24

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на денешната прес конференција, истакна дека колку повеќе се придржуваме до мерките за заштита од Ковид-19 толку подобра ќе ни биде епидемиолошката слика и ќе ни бидат отворени сите граници.

Тој појасни дека одлуката на ЕУ за отворање на границите кон трети земји, меѓу кои не е и Северна Македонија, е поради епидемиолошката слика, односно дека не станува збор за политика.

Повикувајќи се на одлуката на ЕУ, тој посочи дека клучно за Унијата е да има до или под 20 нови случаи со Ковид-19 регистрирани во последните 14 дена на 100.000 жители.