Димитров: Јас не сум одговорен ако некоја земја одлучи да не го почитува договореното

16

Граѓаните се изнаслушаа лажни ветувања за датумот за почеток на разговорите, во изминатите четири години, а Никола Димитров како носител на кандидатска листа на изборната листа дури лажеше и во својата предизборна програма дека Македонија добила датум за почеток на преговори. Денес сме февруари 2021 година а ние уште немаме датум за преговори. Очекуваме оставка од Димитров зашто сите години ги помна во лаги и манипулации, рече Александар Николовски на денешната седница на чија точка е интерпелацијата за вицепремерот за европски прашања Никола Димитров.

Според ВМРО-ДПМНЕ Македонија е единствената европска држава во која 4,5 години има нова власт, а опозицијата е се уште виновна.

-Го потпишавте Преспанскиот договор со кој се случни срамна промена на името но датум за преговори немаме. Вие сте архитект и на Договорот со Бугарија, но во него нема ниту една заштитна клаузула, ниту пак кои се обврските на Бугарија кон Македонија. Со држава која ви ја подрива државноста немате гарантни механизми во потпишаниот Договор. Го ставивте македонскиот народ во неизвесност, или да не напредува кон ЕУ или, да прифати одродување. Во Договорот со Бугарија не пишува дека Бугарија ќе ја поддржи Македонија на патот кон ЕУ туку, дека ќе го сподели своето искуство, наспроти ова пишува дека ќе ја поддржи за покана за членство во НАТО. Животот во државата оди надолу, но немаше да биде така доколу Македонија се реформираше. Да немаше криминал и корупција сите ќе бевме посреќни, што значи дека единствениот мотор кој ќе не придвижи напред е почнување на почеток на преговори со ЕУ, рече Николовски.

ВМРО-ДПМНЕ и со забелешка дека Димитров ги игнорира поканите на опозицијата за реферирање за неговата работа пред Собранието.

Вицепремиерот за европски прашања Димитров ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ обвинувајќи ја опозицијата дека било кое време е мајстор за правење на циркус во Собранието и дека не сака да учествува во театар на картони.

-Во заблуда сте вие, во мрачното самозалажување дека сопките на овој пат и саботажите на овие суштински процеси за нацијата, некако ќе донесат политички поен плус. Ако навистина сакавте да го адресирате несреќниот развој на настаните настанат од неевропското однесување на соседот, не требаше да правите токму од клучното прашање дневно политички перформанс, туку да се издигнете и заеднички да настапуваме во она што сакам да верувам дека ни е заедничка цел. Во остварување на втората стратешка цел отпочнување на пристапни преговори со ЕУ заеднички позиции на земјата имајќи доблест. Наспроти ова вие продолживте да барате излез од вашиот внатрепартиски хаос преку рушење на оваа влада и тоа за позиции или одлуки на други држави или меѓународни организации. Кажете ми како јас ги предадов македонските државни интереси, а Бугарија не попушта и сум еден од главните проблеми за она што тие сакаат да го постигнат. Барате од мене одговорност за меѓувладина конференција со ЕУ за која јавно кажав дека не треба да се одржи доколу услов е македонскиот јазик. Вие не успеавте македонскиот јазик да го вратите во официјален документ на ЕУ, тој исчезна уште во далечната 2006 година за да се врати лани во нацрт преговарачката рамка. И сега кога тој ќе ужива статус на еднаков и официјален јазик на ЕУ по нашето членство, ние преведуваме 160.000 страници европско право на македонски јазик, рече Димитров.

Сурија Рушити од Алијансата за Албанците рече дека како опозицијата ќе ја подржат интерпелацијата на Димитров, но посочија дека заедно со Димитров оставка треба да си поднесе и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Зошто една земја, ако главните аргументи на Европската комисија за отпочнување на преговори е ветото на Бугарија, и ако се има предвид дека меѓудржавните односи се во рацете на Министерството за надворешни работи произлегува дека на ваше место требаше да биде Бујар Османи а можеби и двајцата. Што може да направи еден министер Албанец да го реши проблемот со македонскиот јазик. Должност ни е да ги поддржиме нашите сограѓани Македонци, кога се оспорува нивниот идентитет и јазик, но треба да се гледаат и интересите на Албанците, рече Рушти.

Спикерот Џафери го предупреди Рушити да не ја злоупотребува собраниската говорница зборувајќи за други носители на функции. Арта Биљали Зендели од ДУИ, изрази разочараност од настапот на Рушити бидејќи во својот говор нагласил што можат албанските минстри да направат за Македонија. Според неа во изминатите години министрите од редовите на партиите на Албанците ја демократизирале земјава.