Димовски:Жално е што не учиме од историјата!Во Охридско-Дебарското востание на ВМРО му се приклучија и албански чети

128

.Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на својот Фејсбук профил објави статус посветен на едно од најголемите востанија на македонскиот народ, предводено од ВМРО кое се случило на 9ти Септември 1913 година. Името на востанието е Охридско-Дебарско востание и е карактеристично по масовната и сеопфатна вклученост на албанското население и албански чети во акциите на ВМРО.

Според Димовски, ова востание свесно се запоставувало и запоставува во македонската историографија.
“Жално е што не учиме од историјата. Правецот, идејата и вистината не смее да се менува”, напиша Димовски.

На денешен ден, 9 Септември 1913 година, започнува едно од најголемите востанија на македонскиот народ, предводено од…

Publiée par Ilija Dimovski sur Mercredi 9 septembre 2020