Димовски: Бучковски ќе е наш специјален претставник за Бугарија или бугарски за Македонија?

51

Владата на вчерашната седница го именуваше поранешниот премиер Владо Бучкоски за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија по што следуваа низа реакции.

На Твитер се огласи и Илија Димовски, член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен пратени, па постави прашање кого ќе претставува Бучковски.

„Чекајте, не ми е јасно… Профата Бучковски ќе е наш специјален претставник за Бугарија, или бугарски за Македонија?“ напиша Димовски.