Димовски: Излезноста е висока во места каде ВМРО има традиционална поддршка

7

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски верува дека излезноста во шесте изборни единици оди во прилог на неговата партија.

-Во места каде ВМРО-ДПМНЕ има традиционална поддршка има висока излезност – рече Димовски.

Реплицирајќи кон соговорникот, тој додаде дека иако излезноста во 3 и 4 ИЕ е пониска во споредба со претходни изборни циклуси, сепак, факт е дека е повисока во однос на другите ИЕ.