Директна авио-конекција меѓу Македонија и Украина: Од 6 декември по два неделни лета Киев-Скопје-Киев

16

Македонија и Украина од 6 декември ќе бидат поврзани со директна авио-конекција. Авиокомпанијата „Виндроуз“ (WINDROSE) ќе оперира со редовни летови на релација Киев-Скопје-Киев, двапати неделно (четврток и недела), се вели во соопштението од украинската Амбасада во земјава.

Летовите од аеродромот „Бориспиљ“ ќе се опслужуваат со авиони од типот Ембраер-145 и АТР72-600. Покрај тоа, како што наведуваат од авиокомпанијата „Виндроуз“, ќе биде понуден и удобен транзит од регионите на Украина – Харков, Днипро, Одеса и Лвов.