Директорката на Клиниката за дерматологија во саботата им држела предавање на стотина колеги

36

Освен тоа што по скијањето на Алта Бадиа, во северна Италија, директорката ка Клиниката за дерматологија се поздравила со сите колеги на работа, во саботата им одржала и предавање на стотина колеги што учествувале на стручното предавање на тема „Дермоскопија немеланомски карциноми на кожа“ во ресторанот „Рагуса 360“ во Скопје. Меѓу нив имало и странци.

Лекарката на работа била веќе една недела. Клиниката за дерматологија во Скопје е целосно затворена, целиот медицински персонал веќе е во изолација, се вршат тестирања, пациентите што можат да го продолжат домашното лекување се дома, а оние што не можат, се префрлаат во други здравствени установи.

Предавањето на лекарката беше организирано од нејзината Клиника за дерматологија и компанијата „Сoлвис“.

По денешната информација за позитивниот тест на директорката на Клиниката за дерматологија, сите нејзини колеги и од другите здравствени установи што учествувале на предавањето се во паника.

Во кругот на луѓето што директно или индиректно дошле во контакт со лекарката веќе има повеќе од 300 лица.