Директорот на Барселона: Не сметаме повеќе на Дембеле, да си замине веднаш

25

Извршниот директор на Барселона, Матеу Алемани потврди дека клубот повеќе нема да смета на Осман Дембеле откако играчот одби да го продолжи договорот.

Каталонците го исфрлија од тимот и се надеваат дека до крајот на преодниот рок ќе се пресели во друг клуб, бидејќи на лето ќе биде слободен агент.

„Разбираме дека одлуката на Дембеле е да не останува во Барселона. Ние веќе му соопштивме дека повеќе не сметаме на него. Сакаме само играчи кои се посветени на клубот и му кажавме на Дембеле дека треба да си замине што е можно поскоро“.

„Во јули започнавме преговори за нов договор. Меѓутоа, нашите понуди постојано беа одбивани од страна на неговиот агент. Стана јасно дека тој не сака да продолжи да биде дел од клубот. Очекуваме негов трансфер уште овој месец“, изјави Алемани.