Директорот на Пазарниот инспекторат позитивен на COVID-19

11

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски е позитивен на COVID-19.

Тој на Facebook објави дека нема никакви симптоми и оти веќе е во домашна изолација.

„Би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките уште од самиот почеток, вечерва добив позитивен резултат за COVID-19. Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Посакувам брзо оздравување на сите заболени граѓани и негативен тест на сите кои се во самоизолација. Чувајте се“, напиша Пауновски на Facebook.