Директорот на „Фајзер“: До крајот на 2021-ва година ќе има повеќе дози од вакцината отколку што е потребно за борба против пандемијата

8

Извршниот директор на компанијата „Фајзер“, Алберт Бурла, изјавил дека е убеден дека до крајот на 2021-ва година ќе има повеќе дози од вакцината против Ковид-19 отколку што е потребно за борба против пандемијата.

„Убеден сум дека до крајот на 2021-ва година ќе има повеќе дози од вакцината отколку што нѝ треба. Правиме сè што можеме за да ги зголемиме производните капацитети, но проблемот е што мораме да ги зголемиме во наредните неколку месеци“, рекол Бурла во една онлајн конференција, пренесува „Ројтерс“.

Тој рекол дека во меѓувреме е потребно владите да обезбедат другите мерки да не бидат ублажени.

„Важно е да ја користиме вакцината како едно средство“, рекол тој и додал дека е несомнено дека тоа ќе биде најефикасно, со најголем траен ефект.

„Времето кога ќе може да се вратиме во нормала не е далеку, но дефинитивно не е сега“, навел тој.

„Фајзер“ минатиот месец објави дека неговата вакцина е ефикасна околу 95 отсто. Велика Британија денеска стана првата држава во светот која ја одобри потребата на вакцина против коронавирусот.