Директор на американска компанија: Можно да е треба да се вакцинираме секоја година против коронавирус

11

Извршниот директор на американската компанија „Џонсон и Џонсон“, Алекс Горски изјавил за CNBC дека можеби ќе биде потребно луѓето да се вакциниораат против Ковид 19 еднаш годишно во текот на наредните години, како што се прави против грипот.

Според него, кога вирусот се шири, така може и да мутира.

„Секогаш кога мутира, тоа е како уште еден клик на бројчаник, каде може да се види друга варијанта, уште една мутација може да влијае на неговата способност да се одбрани од антителата или да има друга реакција не само на терапијата, туку и на вакцината“, додал Горски.

Здравствените експерти навеле дека постои многу голема веројатност дека Ковид 19 ќе стане ендемска болест што значи дека ќе биде постојано присутна иако на пониско ниво.

Инаку, компанијата „Џонсон и Џонсон“ соопштила неодамна дека произвеле вакцина која може да се прими само еднаш, за разлика од оние на Фајзер или Модерна од кои мора да се примат две дози.