Дискусија во НУБ: Како да се подобрат авторските права

16

Министерството за култура денеска во НУБ „Св. Климент Охридски“ ќе организира панел-дискусија за потребата од измени и дополнувања на Законот за авторското право и сродните права.

Целта е националната законска регулатива да се усогласи со Договорот од Маракеш – во делот за олеснување на пристапот до објавени дела за лицата со оштетен вид.

На дискусијата ќе се обрати министерот за култура Хусни Исмаили. Меѓу учесниците ќе бидат и Спасе Додевски – претседавач на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост и Стерја Димов – генерален секретар на Националниот сојуз на слепите на Македонија, а видеообраќање ќе има и Барбара Мартин-Муњон – втор потпретседател на Европскиот сојуз на слепите.