„Ди Велт“: Лукашенко нема да биде на списокот за санкции на ЕУ

21

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко нема да биде ставен во списокот со санкции на Европската Унија (ЕУ), главно поради позицијата на Германија, но и на Франција и на Италија, објави германскиот веесник „Ди Велт”, повикувајќи се на свои извори.

Берлин, Париз и Рим велат дека „и покрај сите околности, каналите за комуникација со Лукашенко треба да бидат отворени” затоа што, според нив, негово ставање на црна листа би значело целосен прекин на дијалогот со Минск. На прво место, балтичките држави и Полска беа за воведување на ограничувачки мерки против белорускиот лидер.

Кон средината на август стана познато дека во врска со протестите во Белорусија, ЕУ разгледува список од 15-20 белоруски функционери на кои ќе им биде забранет влез на територијата на Унијата и пристап до европскиот банкарски систем.