Добротворна изложба „Од деца за деца” во „Мала станица”

17

Деца на возраст од две до пет години од детската градинка IPS – International Preschool of Skopje, денеска и утре во Националната галерија – „Мала станица” ќе ги продадаваа своите репродукции на Ван Гог, Пикасо и Кандински, а собраните средства ќе бидат донирани за итна операција на Кристијан Андреев, член на граѓанското здружение за рана дијагноза и терапија на деца со аутизам „Во мојот свет”.

Кристијан има 16 години, со тежок аутизам и тумор на мозокот. Мора да му биде направена операција до крајот на ноември во Турција, а за тоа недостигаат 2000 од вкупно потребните 39000 евра.

Изложбата „Од деца за деца” е идеја на Билијана Ангелова, сопруга на амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија. Секоја од сликите ќе се продава по цена од 1000 до 2000 денари.

Со оглед на актуелната панедмија настанот е отворен само за родителите и медиумите и ќе се одржува денеска и утре од 11 до 14 часот во изложбената сала, што во соработка на директорката на Националната галерија, Дита Кереми, бесплатно е отстапена за оваа хуманитарно-продажна изложба.