Договорена средба на министерката Царовска со родителите кои ја бојкотираат наставата

7

За четврток е договорена средба на неформалната група родителите кои се против воведување дигитални ученици со министерката за образование и наука, Мила Царовска, информираше Драгана Спасовска, претставник на родителите.

Средбата следи по барање на групата родители кои во изминатите недела дена своите деца ги држеа надвор од наставата во училиштата.

Бојкот на наставата како форма на незадоволство од работењето и постапките на министерството, останува како официјален став на групата и продолжува се до завршувањето на работната средба, се вели во информацијата објавена во групата „учебници и настава мора да има“