Додик: БиХ е неуспешен експеримент на западната политика

15

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека Русија останала доследна на почитувањето на Дејтонскиот мировен договор за БиХ и меѓународното право.

Додик во интервју за Раша тудеј кажа дека „за разлика од Русија, американската администрација и по постигнувањето на Дејтонскиот договор, продолжила со неговото уривање, во согласност со претходните ветувања на Бошњаците во БиХ дека ќе направи држава за нив“.

Тој истакна дека Американците непрекинато го прават тоа веќе 24 години.

Истакна дека, „и покрај обидите, не успеаја да ја укинат Република Српска, но ѝ одземаа дел од надлежностите, систематски уривајќи го Дејтонскиот договор воведувајќи почитување на духор, а не зборот на Договорот“.

Додик смета дека БиХ е неуспешен кесперимент на западната политика.

„Уште во поранешна Југославија, БиХ важеше за „мала Југославија“, а ако не опстана самата Југославија, зошто таа би опстанала?“, праша српскиот член на Претседателството на БиХ