Додик: Црногорската политика е антисрпска уште од признавањето на Косово

16

Членот на Претседателството на БиХ Милорад Додик смета дека и за Босна и Херцеговина и за црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ би било најдобро да се одложи неговата официјална посета на земјата.

Посетата е планирана за почетокот на март.

Додик кажа дека верува дека ваквиот негов став за доаѓањето на Ѓукановиќ е поддршка за Српската православна црква во услови кога таа доживува прогон во Црна Гора.

Тој потсети дека црногорската власт со еврејската, исламската и католичката заедница постигнала посебни договори, а дека само за СПЦ и нејзиниот имот останало да се решава преку законот за слобода на вероисповедта, и тоа на начин на кој имотот во значителен обем ќе биде одземен.

Додик истакна дека црногорската политика е „антисрпска“ уште од „признавањето на самопрогласеното Косово“, пренесува Аваз.

„Никој не е против тоа Ѓукановиќ да дојде во БиХ, но се поставува морално и политичко прашање – како некој Србин може да дозволи да му се пружи прили, додека таму нашите луѓе протестираат, тој да дојде во Сараево и да објаснува што тој сака, бидејќи станува збор за истиот вернички народ и тука има голема солидарност кон протестите во Црна Гора“, кажа Додик.