Дожд и засилен ветер попладнево во делови од Скопската котлина

0

Делови од Скопската котлина попладнево беа зафатени од локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од силниот ветер има и паднати дрва.

Синоптичарите најавуваат нестабилно време и за утре, а преодно стабилизирање се очекува во петок, додека за време на викендот во попладневните часови повторно ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Од недела ќе дува засилен северен ветер и ќе има пад на температурата.