Доживотен затвор за масовниот убиец од Крајстчрч

17

Судот во Нов Зеланд го осуди напаѓачот на џамиите во Крајстчрч, 29-годишниот Брентон Тарант, на доживотен затвор без можност за помилување, за убиствата на 51 муслимански верник во 2019 година.

Тарант ги призна убиствата на 51 верник, обидот за убиство на 40 и терористичкиот напад врз џамиите во Кристчрч, пренесе Ројтерс.

АП известува дека ова е прва ваква казна што некогаш била изречена во Нов Зеланд, а судијата Камерон Мандер рече дека злосторството на Тарант предизвикало „огромни загуби како резултат на изопачена и злонамерна идеологија“.

„Вашиот чин е нехуман. Убивте и едно тригодишно дете кое од страв се држеше за нозете на својот татко“, истакна судијата Мандер, обраќајќи му се на убиецот.

Ова масовно злосторство на бел супраматист против верниците за време на молитвите во џамиите Ал Нур и Линвуд во Крајстчрч, го шокираше светот и ги охрабри властите на Нов Зеланд да донесат нов закон со кој се забранува носење на најсмртоносно полуавтоматско оружје.

За време на четиридневната сослушување пред изрекувањето на пресудата, 90 преживеани и членови на семејствата на убиените сведочеа за овој ужасен напад и траумата што сè уште ја носат.

Судијата Мандер конечно изјави дека убиецот неодамна изјавил дека се одрекол од неговите екстремистички погледи и дека неговиот криминален напад е „одвратно и ирационално дело“.