Доколку не биде депортиран, Ѓоковиќ во првото коло на Австралија Опен ќе игра против Кецмановиќ

8

Новак Ѓоковиќ го доби противникот во првото коло на Австралија Опен, но сè уште е неизвесно дали ќе ја брани титулата во Мелбурн.

Австралискиот министер за имиграција, Алекс Хок, сè уште не донел одлука дали ќе му ја укине визата на Ѓоковиќ и ќе го депортира, а поради тоа наводно беше и одложен стартот на ждрепката за првиот годинешен гран слем турнир.

Со неколку часа задоцнување, се одржа ждрепката и Ѓоковиќ кој е прв носител на Австралија Опен во првото коло ќе игра против сонародникот Миомир Кецмановиќ. Доколку обезбеди пласман во второто коло, Ѓоковиќ би играл против победникот од дуелот на Том Пол и квалификант, а во третото коло би играл со 21 носител Лоренцо Сонего.

Надал во првото коло ќе игра против сонародникот Маркос Џирона, Мареј го чека дуел со Грузиецот Басијашвили, а вториот носител Медведев ќе игра против Хенри Лаксонен.
Евентуално во осминафиналето би играл со 16 или 17 носител, Гарин или Монфилс, додека во четвртфиналето можен противник е Матео Беретини. Во проектираното полуфинале би играл со подобриот од дуелот Александер Зверев и Рафаел Надал.
На втората половина од ждрепката, најголеми фаворити се Данил Медведев, Стефанос Циципас, Андреј Рубљов и Каспер Руд.

Во женска конкуренција, првата носителка Ешли Барти ќе стартува противквалификантка, додека во четвртото коло би можела да се сретне со Наоми Осака.

Во костурот каде се наоѓаат Барти и Осака, се уште и петтата носителка Марија Сакари, четвртата Барбора Крејчикова како и осмата Паола Бадоса.

Најинтересен меч во првото коло во женска категорија се очекува да биде тој помеѓу шампионката од УС Опен, Ема Радукану и Слоун Стивенс.