ДОКТОРКА ВО СЛОВЕНИЈА ДАВАЛА КОВИД-ПОТВРДИ ЗА 50 ЕВРА: Наместо ПЦР тестови, барала антитела

2

Лекарската комора ја пријавила докторката, а ја фатиле благодарение на новинарка која ѝ се претставила на докторката како пациентка и добила ветување дека ќе добие потврда ако плати 50 евра и ѝ бидат проверени антителата.
СВЕТ

Докторка во Помурје во Словенија издавала лажни ковид-потврди за 50 евра, а наместо ПЦР тест или потврда за прележаност доволно било пациентот да има антитела, јавува МИА. Лекарската комора ја пријавила докторката, а ја фатиле благодарение на новинарка која ѝ се претставила на докторката како пациентка и добила ветување дека ќе добие потврда ако плати и ѝ бидат проверени антителата.

По барање на новинарката реагирал Националниот институт за јавно здравје на Словенија. Постапката трае, а деталите ќе бидат познати кога таа ќе заврши.

За да им се издаде ковид-потврда на граѓаните во Словенија треба или да се вакцинирале со две дози или да прележале корона пред не повеќе од 180 дена и истото да го докажат со позитивен ПЦР тест од времето кога биле заболени.