Долниот дом на шпанскиот парламент го ратификуваше протоколот, остана уште Сенатот за да станеме членка на НАТО

6

Долниот дом на шпанскиот парламент денеска го ратификуваше пристапниот протокол за НАТО на Северна Македонија и за полноправно членство останува уште ратификацијата да помине во Сенатот. „За“ ратификација гласаа 279 шпански пратеници, а „против“ беше еден. Сите останати 28 земји членки на НАТО го имаат ратификувано протоколот.

„Долниот дом во Мадрид, утрово го ратификуваше пристапниот НАТО протокол со 279 гласа ЗА и 1 глас против. Многу ви благодарам. Следната и последна станица: Сенатот …“, напиша министерот за надворешни работи Никола Димитров на Фејсбук.

Протоколот е ратификуван и во македонскиот парламент, но со одложено дејство, кое ќе стапи во сила по целосната ратификацијата во дводомниот шпански парламент.