Домашната помошничка на Боки 13: Во станот на Јовановски доаѓале Шекеринска, Јанева…

13

Домашната помошничка на Боки 13 сведочеше во случајот „Рекет“. Сведокот Драгана К. вели дека во станот на Јовановски доаѓале Шекеринска, Јанева. Доаѓаше и Камчев, Стефан Богоев и Александар Кирацовски, рече сведокот. Се сети и за доаѓањето на Венко Филипче.

Драгана, која работела како домашна помошничка на Боки 13, рече и дека Милевски Кичеец бил чест гостин на Јовановски. Се однесувал во станот како дома, рече таа. Приватни разговори не слушала, не видела други парични средства освен оние што ги добивала како хонорар. Рече дека новинари од 1 ТВ доаѓале кај него дома но разговорите не ги слушала.