Доминација на Леброн, Лејкерси победија во Милвоки

12

Три натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Бербиот го одиграа ЛА Лејкерс и Милвоки Бакс. Победата им припадна на актуелните шампиони со 113:106.

Дербито го обележа Леброн Џејмс со 34 поени, 6 скока и 8 асистенции, тој погоди шест тројки од десет обиди. Џејмс, го одби налетот на Бакс, кои во финишот им се доближија на Лејкерси на 102:100. На спротивната страна се истакна Јанис Адетокумбо со 25 поени и 12 скокови.

Њујорк Никс слева победа над Голден стејт Вориорс 119:104. Блескаше кај Вориорс Стеф Кари со 30 поени. Неговиот учинок го поништија Берет со 28 поени и Рендл со 16 поени и 17 скокови.

Јута Џез ги победија Њу Орлеанс Пеликанс со 129:118. Џезерите ја запишаа седмата победа во низа, со која се искачија на второто место во лигата.

Брилијантен мел за Јута одигра Донован Мичел, тој постигна 36 поени. Двоцифрени кај џезерите беа уште и Мајк Конли (20), Џордан Кларксон (19) и Бојан Богдановиќ (16).