Донован Мичел влезе во одбрано друштво со 57-те поени против Нагетси (фото)

5

Во првиот меч од овогодинешниот плеј-оф во НБА лигата, Денвер Нагетс по продолженија славеше против Јута Џез во Орландо со 135-125.

На овој меч посебно треба да се издвои учинокот на играчот на „џезерите“ Донован Мичел.

Мичел ноќеска цела екипа ја носеше „на свој грб“ и во кошот на Денвер уфрли дури 57 поени. Имаше и 9 скока и 7 асистенции. Од игра погоди 19 од 33, а прецизен беше и при сите 13 слободни фрлања.

Колку Мичел беше брилијантен говори и фактот што само двајца НБА играчи во историјата забележале повеќе поени во еден плеј-оф меч.