Дончиќ блескаше и во Мексико за нова историја, прв играч со трипл-дабл надвор од САД и Канада (ВИДЕО)

15

Лука Дончиќ испиша нова историја во НБА откако го заблежа првиот трипл-дабл надвор од САД и Канада, Словенецот блескаше во Мексико Сити и го предводеше Далас до триумф од 122-111 над Детроит.

Далас и Детроит утрово ги одмерија силите во Мексико Сити, а шоуто го направи Лука Дончиќ. Словенецот ја импресионираше публиката говорејќи течно на шпански јазик, а потоа ја забавуваше со одлична партија на теренот.

Ѕвездата на „маверикс“ испиша нова историја во НБА откако го забелеша првиот трипл-дабл надвор од САД и Канада. Тој натпреварот го завши со 41 поен, 12 скокови и 11 асистенции.

Ова не беше единствениот рекод, Словенецот исто така стана првиот кошаркар кој има два трипл-дабл учинока со повеќе од 40 поени пред да наполни 21 година, сите останати, помеѓу кои и Леброн Џејмс, имаат еден. Па не случајно публиката во Мексико Сити скандираше, „МВП, МВП“.

НБА резултати:

Бостон – Филаделфија 109:115
Сан Антонио – Кливленд 109:117
Детроит – Далас 111:122
Денвер – Портланд 114:99