Дончиќ го предводеше Далас и до победа над Бруклин (ВИДЕО)

12

Лука Дончиќ повторно беше најдобар во победа на Далас, тие ја забележаа десеттата домашна победа оваа сезона откако го совладаа Бруклин со 123:111.

https://www.youtube.com/watch?v=kC0mYCkspEk&feature=emb_title

Со одлична игра во последната четвртина која ја добија со 30:18, Далас дојде до триумфот над Бруклин.

Лука Дончиќ беше најдобар на теренот, постигна 31 поен, имаше 13 скокови и седум асистенции. Во составот на Бруклин, Динвиди реализираше 19 поени.

Резултати:

Кливленд – Шарлот 106:109
Индијана – Денвер 116:124
Мајами – Торонто 84:76
Чикаго – Јута 98:102
Минесота – Голден стејт 99:84
Далас – Бруклин 123:111
Сан Антонио – Оклахома 103:109
Сакраменто – Мемфис 128:123
ЛА Клиперс – Детроит 126:112