Дончиќ за 26 минути на паркетот го наполни кошот на Филаделфија (ВИДЕО)

10

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ продолжи со одличните настапи, па во подготовките му донесе уште еден триумф на Далас маверикс, и тоа против Филаделфија со 118-115.

Дончиќ во последниот подготвителен меч на паркетот помина 26 минути, иако беа одиграни и продолженија, а за тоа време успеа да постигне 23 поени, седум скокови и шест асистенции.

Освен Дончиќ, добар натпревар имаше и Криштапс Порѕингис, кој постигна 17 поени и 12 скокови.

На останатите дуели Оклахома славеше против Портланд, а Хјустон беше подобар од Бостон.