Дончиќ се повреди, Далас загуби од Мајами (ВИДЕО)

9

Лука Дончиќ го повреди зглобот на ногата и предвреме го напушти натпреварот против Мајами кој победи по продолжение со 122:118.

Не поминаа ни две минути од мечот а Лука Дончиќ незгодно стапна на ногата на противникот и го повреди зглобот поради што мораше веднаш да го напушти теренот.

Информациите велат дека не станува збор за сериозна повреда, но не можеше да го доигра синоќешниот натпревар. Лука брзо ќе се врати на теренот.

Мајами направи сериозна предност во првите две четвртини, на полувремето водеше со 73:50, но Далас успеа да се врати во вториот дел од мечот и да изедначи на 112:112. Во продолжението гостите беа подобри и го добија мечот со 122:118.

Никола Јокиќ запиша трипл-дабл во победата на Денвер над Оклахома од 110:102. Српскиот кошаркар постигна 28 поени, имаше 14 скока и 12 асистенции.

Резултати:

Феникс – Сан Антонио 119:121
Торонто – Бруклин 110:102
Чикаго – ЛА Клиперс 109:106
Мемфис – Вашингтон 128:111
Далас – Мајами 118:122
Милвоки – Кливленд 125:108
Денвер – Оклахома 110:102
Хјустон – Детроит 107:115