Дончиќ со нов рекорд му донесе победа на Далас кај Сакраменто (ВИДЕО)

16

Далас со 127:123 победи на гостувањето кај Сакраменто, а Лука Дончиќ запиша нов трипл- дабал и сруши уште еден рекорд, Лејкерс доживеа неочекуван пораз од Орландо на свој терен.

Далас Маверикс запиша уште една победа благодарение на нова маестрална партија на Лука Дончиќ.

Словенечкиот кошаркар постигна трипл дабл со 25 поени, 15 скокови и 17 асистенции.

Тој стана најмладиот кошаркар во историјата на НБА кој направил трипл-дабл со 15+ скокови и 15+ асистенции.

Лос Анџелес Лејкерс доживеа неочекуван пораз на домашен терен од Орландо откако загуби со 119:118.

Најефикасен во составот на Лејкерс беше Кук со 22 поени, Леброн реализираше 19 поени имаше и исто толку асистенции. Најдобар кај Орландо беше Фулц кој реализираше трипл-дабл со 21 поен, 11 скокови и 10 асистенции.

Резултати:

Бостон – Детроит 103:116
Филаделфија – Бруклин 117:106
Мајами – Сан Антонио 106:100
Чикаго – Вашингтон 115:106
Минесота – Индијана 99:104
Оклахома – Торонто 121:130
Денвер – Шарлот 100:86
Хјустон – Портланд 107:117
Сакраметно – Далас 123:127
ЛА Лејкерс – Орландо 118:119