Дончиќ сруши уште еден рекорд (ВИДЕО)

22

Далас го победи Кливленд со убедливи 143:101, а Лука Дончиќ имаше уште една брилијантна партија.

Иако на теренот помина нецели 29 минути, Лука Дончиќ постигна 30 поени, имаше 14 асистенции и седум скокови.

Словенецот сруши уште еден рекорд, стана најмладиот кошаркар во историјата на НБА кој три пати по ред постигнува преку 30 поени и има преку десет асистенции на натпревар.

Резултати:

Детроит – Атланта 128:103
Вашингтон – Шарлот 125:118
Бруклин – Сакраменто 116:97
Чикаго – Мајами 108:116
Оклахома – ЛА Лејкерс 127:130
Филаделфија – Сан Антонио 115:104
Далас – Кливленд 143:101
Денвер – Бостон 96:62
ЛА Клиперс – Хјустон 112:119