Дончиќ ја доби пресметката со Јокиќ, двајцата мечот го завршија со дабл-дабл (ВИДЕО)

5

Далас со 103-89 го победи Денвер, Лука Дончиќ и Никола Јокиќ беа најдобри во своите тимови.

Далас одигра убедлив натпревар, водеше во целиот тек и на крајот запиша лесна победа над Денвер од 14 поени разлика.

Лука Дончиќ кој полека се враќа од повредата, постигна 21 поен, имаше 15 асистенции и осум скокови. Најдобар на теренот беше Никола Јокиќ со 27 поени и 16 скокови.

Резултати:

Филаделфија – Хјустон 133:113
Вашингтон – Шарлот 124:121
Бруклин – Мемфис 104:118
Чикаго – Орландо 102:98
Милвоки – Детроит 106:115
Њу Орлеанс – Јута 104:115
Далас – Денвер 103:89
Голден стејт – Мајами 115:108
Портланд – Атланта 136:131
ЛА Клиперс – Минесота 104:122