Досега вакцинирани 241.368 граѓани – над 437 илјади граѓани заинтересирани

10

Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 437.339 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 241.368 граѓани.

Според властите, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.

Интересот за вакцинација може да се изрази преку веб страницата vakcinacija.mk или преку матичен лекар.