Досега над 25 000 прекршоци за неносење маски, 470 во последните 24 часа

12

Во последните 24 часа полицијата регистрирала 470 прекршоци на мерката за задолжително носење на маски, соопшти МВР.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.

Казната која е предвидена со владината Уредба е 20 евра.

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, вчера објави дека досега вкупниот број на прекршоци на мерката за носење заштитна опрема на лицето изнесува 25 028, на кои сега се додаваат и бројките од последното деноноќие.