Досега нема регистрирани штети по утринскиот земјотрес

23

Македонските граѓани рано утрината беа вознемирени од земјотрес, со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала. Потресот најсилно бил почувствуван во Гостивар и во Маврово.

Erdbeben Seismograf Symbolbild (Getty Images/AFP/S. Yeh)
Земјотрес со локална јачина од пет степени според Рихтеровата скала беше регистриран утрово во 4 часот и 54 минути, во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 50 километри југозападно од Скопје.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот најмногу се почувствувал во Гостивар и во Маврово со 5 степени според европската макросеизмичка скала, во Тетово и во Скопје со 4, а во Битола, Прилеп и во околината со 3 степени.

Според Евромедитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил почувствувал и во Албанија.

Околу 6 часот и 23 минути е почувствуван уште еден потрес со јачина од 3,6 степени, што се толкува како афтершок по првиот удар.

Досега не се регистрирани материјални штети или повредени во потресот.