Дојава за бомба на аеродромот во Приштина

9

 

Косовските медиуми јавуваат дека меѓународниот аеродром Адем Јашари во Приштина е привремено затворен поради дојава за бомба.

„Поради закана со експлозивни направи, меѓународниот аеродром Адем Јашари во Приштина е привремено затворен“, се вели во соопштението на полицијата која наведе дека биле распоредени единици за деактивирање бомби.

Портпаролката на аеродромот Валентина Гара рече дека евакуираните патници и персоналот се добро и се однесени безбедни.

Патниците и персоналот на аеродромот биле евакуирани „и се безбедни“. Неколку летови се одложени или откажани. Аеродромот Адем Јашари е на околу 20 километри југозападно од главниот град Приштина.