Дојава за бомба пред суд во Сараево

9

Општинскиот суд во Сараево утрово беше евакуиран поради дојава дека е поставена експлозивна направа, соопшти Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон.

Министерството за внатрешни работи наведува дека биле информирани оти бомбата е поставена околу 9:00 часот.

Повеќе информации ќе бидат познати по увидот кој е во тек, додаде кантоналното МВР.